Пазарџиите сметаат дека конечно треба да се елиминира сивата економија и да се стави крај на нелојалната конкуренција со која се соочуваат оние кои се законски регистрирани, кои имаат договор со јавните претпријатија за продажба во определен простор и ги подмируваат даночните обврски на УЈП, пренесува „Макфакс“.

На иницијатива на претседателот на Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија, Екрем Долек, во Министерството за економија се одржа состанок на кој беше изнесен најгорливиот проблем со кој се соочуваат пазарџиите кои продаваат регуларно на тезгите во затворените пазарски простори и плаќаат данок на државата, а тоа се дивите продавачи, кои главно продаваат на големо надвор од дворовите на пазарите во државата.

Министерството за економија апелира до дивите продавачи да ги отстранат импровизираните тезги и продажни пунктови надвор од просторот на пазарите и да склучат договори за легална продажба со јавните претпријатија за продажба внатре во определениот простор, затоа што стоката затекната при инспекциските акции ќе биде одземена, односно ќе бидат изречени законските казнени мерки.

OhridNews
извор:„Макфакс“