Летните горештини и високите темеператури кои го зафатија Охрид и Македонија во последните денови повторно ги актуелизираше “правилата“ кои треба да ги практикувате во борбата со жештините.
– Пијте течности, поготово вода, а избегнувајте ги соковите збогатени со шеќери или вештачки засладувачи кои додатно ја поттикнуваат жедта.
– Користете го вентитлаторот за да се постигне циркулација на воздухот во собата. При тоа внимавајте воздухот да не дува директно кон вас со цел да не го загрозите здравјето, да ги вкочаните мускулите и да добиете настинка.
– Носете облека од природен материјал како што се лен и памук кои овозможуваат полесно дишење на кожата.
– Одберете светли бои на облеката и избегнувајте ја црната боја. Светлите бои не се мамка за силното сонце.
– Доколку поминувате време на отворено на кожата која што е изложена на сонце нанесете крема со заштитен фактор како би ја заштитиле од штетните УВ и УВБ зраци.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com