Денес и утре ќе се спроведе третото терестичко запрашување против комарци во Охрид на потегот од село Подмоље до населбата Св.Стефан и пошироката територија на градот во периодот од 23 до 6 часот.
Исто така, предвидено е прскање против комарци и во општина Дебрца, од 20 до 5 часот.
Се потсетуваат пчеларите во периодот кога се врши запрашувањето, да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита. Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.
OhridNews