На 11 и 12 јули (четврток и петок) Центарот за јавно здравје ќе врши превентивна систематска
дезинсекција на територијата на општина Охрид.

Оттаму апелираат до граѓаните кои одгледуваат пчели истите да ги заштитат во периодот кога ќе се спроведува акцијата. Според најавата, утре и задутре, екипи на Центарот за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци – второ запрашување во период од 00 до 06 часот. Запрашувањето ќе се врши со апарат за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило, со предходница од друго возило.

Третирањето ќе се изведе со препаратот  AQUA K – KOTRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено охридското крајбрежјето од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, реонот на река Грашница и Коселска Река.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

OhridNews