Зголемено ниво на афлатоксинот е отркиено во три пратки пченка, испорачани во текот на декември минатата година од Србија и Романија на производителите на сточна храна во Холандија, соопшти холандската Агенција за безбедност и храна.

Пченката во која е откриено зголеменото ниво на афлатоксинот е користена главно за производство на храна за свињи, заедно со други состојки.
Инаку, мината седмица германските официјални претставници соопштија дека откриено е зголемено количество на оваа состојка во сточната храна произведена и увезена од Србија.
OhridNews












