ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. 23 Октомври, камо што изтакна кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков, е симбол на патриотизам, непокор и победа.

На 23 октомври 1893 година во Солун темелите на Македонската револуционерна организација ги удираат шесте визионери Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Крајна цел на ВМРО била и останала секогаш – Македонија. Вечно да ги славиме хероите кои својот живот го положија на олтарот на слободата за Македонија. Промените, проектите и победите носат подобро живеење за нашите граѓани, развиен Охрид и силна Македонија. Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба! – се вели во празничната честитка на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и на кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков.
OhridNews











