Актуелниот пратеник и кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО – ДПМНЕ, Кирил Пецаков реагираше на вчерашната прес-конференција на градоначалникот Константин Георгиески во однос на Јавниот повик кој го распиша Општина Охрид за прибирање идејни решенија за уредување на плажите.
После создавањето хаос во ек на туристичка сезона, затворени и неуредени плажи, без тоалети и луѓе кои ќе ги одржуваат истите, сега ќе имало јавен повик за идејни решенија за уредување на истите. Невозможно е тој што генерирал хаос пред само два месеци, па сега да го средува, ако не за друго од практични причини, напиша Пецаков.

К.А.













