Придонесот на влашката заедница во Република Македонија е сеприсутен и значаен за севкупниот општествен живот на земјата. Власите во Македонија, се составен дел од историјата и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на државата, вели во честитката по повод 23 Мај, Националниот празник на Власите, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

На овој ден ја одбележуваме посебноста на Власите како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и историја. Меѓусебното почитување и негување на културата, обичаите и традициите од различните етнички заедници отсекогаш било приоритет во нашето мултиетничко општество. Така ќе биде и во иднина, вели градоначалникот.

Заедно и сложно ќе работиме за подобра иднина на сегашните и идни генерации во развиена и просперитетна држава, стои во честитката на градоначалникот Пецаков, по повод Меѓународниот ден на Власите.

OhridNews