Под мотото „Биди и ти дел од развојот на Охрид“ денес, во организација на ВМРО ДПМНЕ, на градскиот плоштад во Охрид се одржа Ден на идеи, на кој граѓаните ги изложија своите идеи и предлози до кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Кирил Пецаков. Предлозите кои се реално остварливи ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори за Охрид, најави Пецаков.
Овие отворени денови се за граѓаните со свои идеи, предлози и проекти да дадат мислење за подобрување на градот, така да се она коешто вреди како предлог, а од друга страна е остварливо и од финансиска страна, и ако легислативата дозволува да се спроведе, ќе биде дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори која што е при крај, истакна пратеникот и кандидат за градоначалник Кирил Пецаков.
Пецаков, изрази задоволство од одзивот на граѓаните и најави дека ќе бидат одржани уште еден или два вакви настани од ваков тип на различни локации за прибирање на идеи.
Граѓаните разговараат најчесто за чистотата на градот и уредувањето и одржувањето на плажите, за нив е недозволива сликата од охридските плажи од ова лето. Катната гаража ја има речиси во сите предлози затоа што дефинитивно е повеќе од голем проблем на граѓаните од Охрид, истакна Пецаков
Тој додаде дека претстојната кампања ќе се одвива во согласност со мерките за заштита од коронавирусот кои тековно ќе следат и сите настани ќе бидат прилагодени со развојот настаните, меѓутоа, како што вели, контактот со граѓаните за време на кампањата за локални избори е многу важен и ќе се изнајде начин преку електронските медиуми за презентација на кандидатите.
К.А.














