Охрид 4 години е заборавен. Нема нови проекти, нема ниту една капитална инвестиција. Загрозен беше статусот на градот како заштитено културно наследство под УНЕСКО. Ова на прес конференција во Скопје го изјави пратеникот и кандидат за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков.
Време е за нов пристап и за грижа за заедничкото, за тоа што ни го оставила природата и нашите предци. – рече Пецаков. Тој најави инвестиции во инфраструктурата и грижа за животната средина, а за приоритет го смета развојот на локалната економија.
Ако сакаме Охрид да се развива, младите да остануваат и да имаат иднина. Потребно е отворање на нови работни места, кои што ќе ги генерира новата индустриска зона во Охрид, во која и локалните компании и инвеститори би пронашле интерес да го прошират својот бизнис. Во делот на туризмот ќе дадам максимална поддршка на угостителско туристичкиот сектор во Охрид и сите оние кои што се поврзани со туризам на некаков начин. При што со завршување на КОВИД кризата во рок од три години ќе го достигнеме највисокото ниво на бројот на туристи во Охрид, како во 2019 година и во наредните 3 години ќе го зголемиме уште за 50%. Сето ова е поткрепено и врз основа на Стратегијата за туризмот изготвена од страна на факултетот за туризам во Охрид. – најави Пецаков.
OhridNews











