Со свечена програма во организација на Општина Охрид и Сојузот на борци од Охрид и Дебрца во Домот на култура во Лескоец денес беше одбележан 11 Октомври – Денот на Народното востание против фашистичкиот окупатор.

Нивното дело не треба да го паметиме само како дел од минатото, туку како вреден аманет за иднината. Во народноослободителната приказна, Охрид и Дебрца имаат испишано своја важна историја, важна страница. Овие наши простори не останаа неми сведоци на времето, туку активно учествуваа во отпорот и ја платија својата цена за слободата. Многу борци и патриоти го избраа патот на отпорот, а за идејата за слободна Македонија многумина наши сограѓани го дадоа највредното, својот живот, посочи Пецаков.
Затоа кога денес го одбележуваме 11 Октомври, потецираше, ја чествуваме и нашата локална историја како неразделен дел од борбата за слободна татковина.
Историјата нè учи дека големите промени секогаш започнуваат во луѓе кои веруваат во подобро утре. Денес, таа одговорност е кај нас. Ние мораме да бидеме генерацијата која будно ќе го чува наследството што го добила и ќе остави нешто вредно за поколенијата кои ќе дојдат по нас. 11 Октомври е наше потсетување дека слободата не е само право, таа е и обврска. Обврска секој ден да создаваме општество кое го почитува човекот и во кое младите ќе ја гледаат својата перспектива. Нека е вечен споменот на хероите, нека е честит Денот на народното востание, нека е вечен Охрид и нека е вечна Македонија, додаде Пецаков.
Програмата продолжи со „Музичко-сценска приказна за слободата што ја наследивме и заветот што го оставаме“ во која учество земаа хорот при ООУ „Ванчо Николески“ под менторство на проф. Тони Горгиевски, учениците од ООУ „Ванчо Николески“ под менторство на професорите: Емилија Блажеска, Елеонора Георгиеска и Ивана Крстаноска, актерите Владо Дојчиноски, Перуника Киселички, Дубравка Киселички и Марија Спиркоска Илиеска, како и музичките изведувачи Ѓоко Чеменкоски – вокал и гитара, Стефан Чеменкоски – кларинет, Бојан Маркоски – хармоника, Никола Илиоски – тарабука.
Предходно денес беше одржана и промоција на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски – второ издание, во издание на „Креативна верига“ во НУ Библиотека „Григор Прличев“.
А вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отвоена изложбата на уметнички дела „Созерцанија“ од Томислав Танески.
Фото галерија:
Одбележан 11 Октомври – Денот на Народното востание
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска





































































