По повод големиот православен празник Божиќ, честитка до верниците и граѓаните на Охрид упати градоначалникот Кирил Пецаков.

Со искрени желби за мир, здравје и благосостојба Ви го честитам најголемиот христијански празник-раѓањето Христово-Божиќ.

‎Денеска ја славиме надежта, љубовта и човечката блискост. Овој ден не повикува да се свртиме еден кон друг со разбирање и човечност. Божиќ е време кога духовната светлина ја надминува секоја поделба и не охрабрува да гледаме кон иднината со надеж и одговорност.

‎Нека радоста од Христовото раѓање ги исполни Вашите домови со топлина, а срцата со вера и спокој. Нека Божиќ биде поттик за заедништво, за добри дела и подобро утре за сите нас и за нашиот Охрид.

‎Христос се роди! Навистина се роди!
‎Нека е за многу години!

Кирил Пецаков