Додека едни критикуваат и ништо не работат, јас и мојот тим сме фокусирани кон исполнување на нашето ветување, а тоа е да не постои образовен и детски објекти каде нема да се инвестира, вели грaдоначалникот Кирил Пецаков по реакцијата од ОО СДСМ Охрид во врска со инвестициите во економското училиште.
Во детската градинка „Јасна Ристеска“ обејкт „Лихнида“ ја променавме дограмата во холовите и економскиот дел во вредност од 451.704,оо денари. Во детската градонка „Јасна Ристеска“ објект „Билјана“ извршивме промена на подовите во вредност од 469.179,оо денари, информира Пецаков.
Потенцира дека и во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Трпејца извршена е промена на прозорците со цел да се подобрат условите за одржување настава.
Само за потсетување од страна на Министерството за образование беше ветена целосна реконструкција на овој објект, која за жал никако да се реализира, додава Пецаков.
OhridNews