Охрид заслужува да биде град каде младите креираат, творат и се забавуваат. Затоа, во следниот мандат, наш приоритетен проект е изградбата на модерен Младински културен центар (МКЦ) во рамки на поранешната касарна!, вели кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Локацијата не е случајно избрана, го трансформираме просторот на поранешната касарна во вистински центар на креативноста и културата. На едно место се спојуваат сите организации и иницијативи, создавајќи жива и инспиративна заедница. МКЦ не е само зграда. Таа е место каде ќе има простории за сите што сакаат да свират, изложбен салон за младите уметници, простор за работилници, настани и забава. Го градиме Охрид за младите, го градиме Охрид за сите! Охрид не запира повеќе!, вели Пецаков.

OhridNews