Традиционално во текот на светиот месец Рамазан, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, приреди ифтарска вечера за сограѓаните од муслиманска вероисповед. Од вечерата, на која присуствуваа и претставници на локалното муфтивство, беа испратени пораки за поголема хуманост и солидарност.

Рамазанскиот пост ги буди и ги поттикнува најголемите човечки вредности и ни дава поука дека добрите дела се основен предуслов за мир и благосостојба. Нека овој свет месец на сите верници им донесе радост, добра мисла и нека биде значаен мотив за поголемо разбирање и хармонија. Празниците не учат да простуваме, помагајќи си едни на други и затоа посакувам вербата во Бога да ни даде сила да продолжиме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на мултиетничкото живеење и заеднички да градиме поубава иднина за нашиот Охрид и нашата Македонија.Нека ви е на здравје постот и во радост и мир да го дочекате големиот празник Рамазан Бајрам. Нека вашите молитви ви донесат многу љубов, а вашите домови нека се исполнат со радост, која ги грее срцата и носи мир во душите. – истакна градоначалникот Пецаков.

 

Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме на ваков начин, сполотени и заеднички, да ги чествуваме сите големи верски празници и да создаваме моменти вредни за спомен и достојни за пофалба, додаде Пецаков.

OhridNews