Седум години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создадете е неминовен, реагира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, откако од вчера поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на потегот Подмоље-Охрид се пренасочува по стариот пат Охрид-Струга.

Заради тоа што не сакавте да не испочитувате и не ви беше битно тоа што Општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период, негативно мислење од Општина Охрид, негативно мислење од СВР Охрид и си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да отпочнат со градежните активности, вели Пецаков во објавата на фејсбук профилот.

Без разлика што не ја почитувате локалната самоуправа, во неколку наврати го докажавте тоа и исто во неколку наврати низ годиниве влечите одлуки директно на штета на Охрид, овде сепак треба да покажите чувство и ова лудило веднаш и одма да прекине да важи!, додава во објавата.

OhridNews