Во овие свечени и радосни моменти, кога ја испраќаме старата и ја пречекуваме Новата 2026 година, ми претставува особено задоволство да ви се обратам со искрени честитки и најубави желби. Најнапред, посакувам Новата година да донесе добро здравје, мир и семејна среќа во секој дом. Нека 2026 биде година на нови надежи, стабилност и лични успеси, година во која ќе преовладуваат човечноста и меѓусебната почит, вели во новогодишното обраќање градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Кога си посакуваме се најубаво во новата, треба да се потсетиме на се што ни донесе изминатата 2025 година. Таа беше патоказ кој ни покажа дека заедништвото, довербата и посветеноста се темелите врз кои можеме да градиме посигурна и поуспешна иднина. Заедно избравме да чекориме по патот на стабилноста и развојот, а вашата енергија и поддршка се најголемата сила што не води напред.
Во наредните 12 месеци, секој ден нека ви биде исполнет со насмевки, спокој и љубов. Да ги цениме малите, но исклучително важни радости што го прават животот посебен, времето поминато со најблиските, искрените разговори со пријателите, заедничките мигови и настаните што не зближуваат како заедница. Ви посакувам среќна и бериќетна Нова Година!
Да продолжиме заедно да создаваме, со доверба и љубов за овој прекрасен град, додава Пецаков.
OhridNews












