Своето гласачко право кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Македонија Твоја“, Кирил Пецаков го оствари во ИМ 1262 во ОOУ ,,Григор Прличев” изразувајќи надеж дека ќе победи во првиот круг.

Посакувам и се надевам дека Охрид ќе го задржи фер и демократското однесување кое го имало во изминатите изборни цисклуси кога се гласало, рече Пецаков.

Очекувам во мирна и демократска атмосфера да завршат изборите и граѓаните да го дадат својот глас за тој што сметаат дека заслужува да ја води општината во наредните 4 години. На охриѓани им ветувам во најмала рака иста посветеност за подобрување на животот и овие 4 години ќе биде мандат кој ќе биде посветен исклучиво на голем број капитални проекти кои стратешки ќе го променат и подобрат Охрид, истакна Пецаков.

Н.С.Ј.

видео/фото. А. Момироска