Жената е симбол за љубов, поддршка, грижа, мајчинство кое обврзува, столб на семејството, но и столб на целокупната заедница со големи заслуги, вели во честитката упатена до понежниот пол по повод 8 Март, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Жената е нераскинлив дел и значајна нишка не само во Општина Охрид, туку и во секоја институција каде што успешно функционираат и носат важни одлуки и решенија. Токму на сите дами вработени во Општината им подаривме цвет како скромен гест на внимание и почит за денешниот ден и за вредната и посветена работа со која секојдневно даваат значаен придонес за квалитетно функционирање на градот, вели Пецаков.
Охрид и Македонија, потенцира, имаат силни жени кои живеат храбро и се цврсто одлучни за посветла иднина на градот и татковината.
Вие сте достојни за внимание секој ден, затоа бидете достоинствени, мудри, храбри и силни, бидете и денес, но и такви уште долги години. Среќен 8 Март!, додава во честитката градоначалникот Пецаков.
OhridNews