Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков оствари работна средба со амбасадорката на Литванија во Република Македонија, Н. Е. Вилма Дамбраускиене. На средбата, како што информираат од Општина Охрид, се разговарало за начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, а акцент бил ставен на туризмот како главна економска дејност во Охрид.
Беше истакнато дека на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ постојано се воведуваат нови дирекни авио линии кон бројни светски дестинации, а градов станува попристапен благодарение на изградбата на новите автопатски делници. Стана збор и за развој на автомобилската индустрија и компаниите од оваа дејности кои функционираат во Охрид и околината, посочуваат.
Воедно, велат, биле потврдени добрите дипломатски односи меѓу двете земји, Македонија и Литванија, а годинава се навршуваат 30 години од воспоставувањето.
На средбата се разговараше и за најзначајната музичко сценска манифестација кај нас „Охридско лето“ и за овогодинешното организирање на Литванската вечер. Стана збор и за останати политички теми кои ја засегаат нашава држава, додаваат од Општина Охрид.
OhridNews