На 23.12.2006 година има правосилно одобрение за градба дадено за изградба на хотелот во Лагадин. На 15.03.2017 година ова одобрение за градба се прогласува за ништовно од страна на Општина Охрид за првпат, по што следат до ден денес уште десет ништовни одобренија за градба, со исклучок на едно кое е прогласено за ништовно заради започнување со градба ненавремено и спротивно на одредбите од Законот за градење, рече на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Сето ова е проследено со жалби до второстепениот орган којшто се неколку на број, пред да во 2020 година, односно на 30.01.2020 година има потврдено ништовно решение за одобрението на градба. Значи нашата одлука ја потврдува второстепениот орган од Министерството за транспорт и врски. Против ова решение е покрената тужба односно управен спор на Управниот суд кој повторно ја враќа на разгледување на првостепениот орган, а тоа е Општина Охрид. Откако сум станат градоначалник, на 9.06.2022 година е едното прогласување за ништовност и на тоа од Министерството за транспорт и врски имаме одговор дека се поништува решението кое го издал првостепението орган и предметот се враќа на првостепениот орган на повторна постапка, вели Пецаков.

И повторно Општина Охрид, додава Пецаков, го прогласува за ништовно истото одобрение, за веќе на десеттото решение од Министертсвото за транспорт и врски на 1.12.2022 година коешто станува на 1.03.2023 година правосилно се поништува решението на градоначалникот на Општина Охрид без да се врати повторно на одлучување на првостепениот орган.

Односно за првпат во историјата барем за Општина Охрид, второстепената комисја на Министерството за транспорт и врски одлучува мериторно, но не како што кажува Законот дека вториот пат треба да одлучи мериторно, туку одлучува десеттиот пат мериторно и му дава правосилност истиот орган, а не јас. Што значи дека истото одобрение кое е издадено во 2016 година сега стапува на сила, потенцира Пецаков.

Сите градоначалници наназад кои го воделе Охрид и основата заради која го поништувале одобрението за градење веќе не држи и со оваа мериторна одлука на второстепената комисија на Министерството за транспорт и врски завршува предметот и процесот за овој инвеститор.

Со оглед на тоа што процесот трае седум години очекувано е и инвеститорот да побара отштета што дополнително ќе ја отежни работата на Општина Охрид со блокираната сметка.

Н.С.Ј.