Влашката заедница е значаен дел од етничкиот мозаик на нашиот град и нашето современо општество. Со нивниот интелект и визија оставаат траен печат во историјата и имаат значителен придонес во целокупниот развој на Република Македонија, вели во честитката до припадниците на влашката етничка заедница по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Преку денешниот празник оддаваме достојна почит и вреднување на нивниот вековен стремеж за зачувување и промовирање на влашкиот јазик, култура и традиција. Верувам дека и во иднина, во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување ќе продолжиме заеднички да креираме подобри услови за живеење и да обезбедиме просперитетна иднина за новите генерации на Охрид и целата држава, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.
OhridNews