Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, денес оствари средба со Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија господин Георгиј, претседателка на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, Ана Дукоска и Кимберли Флечер, претседателка на движењето „Мајки од Америка“ заедно со претставници од движењето.
На средбата ја потенцирав нашата визија за родова еднаквост во функционирањето на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид, воедно изразив и поддршка за иницијативата која овие две исклучително храби и мотивирачки жени ја спроведуваат.
Како десничарски ориетнтирана личност, вреднувајќи ги моралните и семејните вредности, ваквите иницијативи постојано ја имаат мојата поддршка, бидејќи токму преку нив можеме да ги истакнеме вистинските вредности, затоа што денес не е вредност се она што се пропагира како вредност, истакна Пецаков по средбата
Пецаков на официјалниот Фејсбук профил информираше и за одржана средба со претседателот на Регионалната занаетчиска комора, Сашо Богоески. Се разговарало за важноста на занаетите и зачувување на автентичниот дух.
Мило ми е што се препознаени напорите на Локалната самоуправа во поддршката на занаетчиската дејност. Ветуваме дека ќе продолжиме да работиме посветено, затоа што занаетите не се само професија, туку и душата на нашиот град.
OhridNews