Во 2023 година ќе започне реализацијата на ветените капитални проекти во Охрид, најави градоначалникот Кирил Пецаков, кој Новата година ја дочека во друштво на сопругата и илјадниците охриѓани и гости од земјава и странство на преполниот Градски плоштад во Охрид.
Ако кажеме дека 2022 година беше предизвикувачка со енергетската криза, би рекол 2023 ќе биде година во која се она што лично сум го замислил како градоначалник од големи проекти, дека ќе започне со реализација, а на крај на 2023 и почетокот на 2024 и се останато што сме го ветиле пред граѓаните заради кои сме ја добиле поддршката, рече Пецаков.
Пецаков испрати пораки со желби за многу среќа, здравје, успех, љубов и напредок на секое поле.
Во 2023 година да престанат сите национални понижувања кои сите долго ги трпиме, порача Пецаков во изјава за медиумите на дочекот на Новата година во Охрид.
Покрај на преполниот Плоштад весело беше и во угостителските објекти каде забавата продолжи до раните утрински часови, а не изостанаа ниту традиционалните дочеци во домашна атмосфера.
OhridNews