Актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, доби доверба од матичната партија ВМРО ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат. Тој јавно изрази благодарност до граѓаните и партискиот лидер Мицкоски и членовите на ИК ВМРО ДПМНЕ за укажаната доверба

За мене тоа е голема чест, а во исто време претставува голема обврска и одговорност која повторно до крај ќе се трудам да ја оправдам. Драги охриѓани. Верувам дека довербата која ми ја дадовте во првиот мандат ја оправдав. Верувам дека преку секојдневната отворена комуникација со Вас успеавме да ги решиме поголем дел од проблемите кои со децении тлееа, истакна Пецаков.

Како најголем успех во својот прв мандат тој го потенцира раздолжувањето на општината како и проектите за изградба на нова училишна зграда на ОУ „Кочо Рацин“ и реконструкција на повеќе општински училишта, изградба на спортска сала во Лескоец,  проектот за изградба на пречистителна станица цо Трпејца и други инфраструктурни проекти кои се завршени или се во тек.

Оваа низа ќе ја продолжиме со изградба на плоштадот „Крушевска Република“, Катна гаража, реконструкција на улици и краци од улици кои се од круцијално значење за Охрид, реконструкција и изградба на нови водоводини линии и канализациони мрежи во урбаните и руралните средини. Во фаза сме за изградба на нова линија за снабдување на вода на Охрид со што значително ќе се намалат трошоците на јавното претпријатие „Водовод“, а охриѓани ќе добијат поквалитетна услуга. Нов парк ќе се гради на кај „Холандскиот парк“. Продолжуваме со реконструкција на улицата „7ми Ноември“. Ќе градиме нови улици во руралните кои ќе го олеснат движењето на локалните жители, најави Пецаков.

OhridNews