Од СВР Охрид информираат за инцидент што викендов се случил во водите на езерото и кој за среќа поминал без повредени.
Имено, на 31-ви август, во 14.15 часот 21-годишно лице од Гостивар пријавило дека околу 13.10 часот, педалинката која заедно со уште две лица од Гостивар ја изнајмиле на плажа, и со која се возеле по езерото на оддалеченост на околу 30 метри од брегот, почнала да се полни со вода и да тоне.
Двете лица испливале на брегот, а пријавителот со помош на лица од соседна педалинка излегол на брегот.
На местото на настанот извршен е увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници.
OhridNews












