Барселона благодарение на “голот во гости“ обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на Шампиони. Спасител на “блауграната“ беше Педро Родригез, кој го постигна изедначувачкиот погодок во 71-та минута.


– Лионел Меси е многу важен фудбалер за нас, тој ни даде повеќе простор за игра кое ние одма го искористивме. По неговото влегување нашата игра доби стабилност и многу повеќе опции во нападот. Не е важно кој противник ќе ни се падне во полуфинале бидејќи сите се јаки и тешки противници –
истакна Педро Родригез.

Минатата сезона Барселона натпреварите во Лигата на Шампиони ги заврши во полуфиналето откако беше елиминирана од идниот европскиот владетел Челси.

Мх.П.