Најновото засилување на англискиот шампион Челси, Педро Родригез за официјалниот интернет сајт ги откри причини и очекувањата на Стемфрод Бриџ.
Тој во Лондон се пресели за 30 милиони евра од актуелниот шампион на Шпанија и Европа, Барселона.
– Менаџерот Жозе Мурињо е една од главните причини за мојот од трансфер во Челси. Неговиот повик не се одбиваше откако ми ги откри плановите за следните сезони. Освојуваше титули каде и да беше тренер, затоа се радувам што ќе работам под негово водство. – рече Педро.
Шпанскиот репрезентативец ги пофали соиграчите од селекцијата Цеск Фабрегас, Диего Коста и Цезар Азпликуета за гостопримливоста на првиот тренинг.
– Со Цеск сме многу добри пријатели, а со Диего Коста и Азпликуета сме соиграчи од селекцијата и ни помислував дека ќе имам проблем со аклиматизацијата во новата средина. Со нетрпение го чекам првиот натпревар и да истрчам на теренот пред англиската публика. – заврши Педро.
Шанса за деби во синиот дрес Педро ќе има во недела (14:30ч) во Бирмингем против екипата на Вест Бромвич Албион.
Ohridnews