Екипата на Манчестер Сити со повреда на Кевин де Брујин го плати пласманот во финалето од Лига Купот.


Белгискиот репрезентативец кој одигра клучна фигура во триумфот (3-1) и елиминацијата на Евертон заработи повреда на коленото.

Деталните прегледи во клупската болница не покажале сериозно оштетување на лигаментит туку само мало истегнување.

Иако не се работи за тешка повреда, сепак, офанзивниот фудбалер ќе мирува три недели и ќе пропушти неколку мечеви во Премиер лигата.

Со очекува Белгиецот да се врати подготвен за мечот со Динамо Киев во Лигата на Шампиони. Инаку, Манчестер Сити во финалето од Лига купот ќе се сретне со тимот на Ливерпул. 

OhridNews