Второпласираната екипа на табелата, Борусија Дортмунд без услугите од капитенот Марко Ројс ќе ја продолжи трката за титулата со минхенски Баерн.

Ројс кој го пропушти дуелот со Шалке од рестартот на Бундес лигата ги повредил препоните и го очекува пауза од еден месец. Ројс се повредил за време на тренинзите во периодот кога играчите тренираат индивидуално поради мерките и препораките за пандемијата на вирусот Ковид -19.

Репрезентативецот на Германија во дресот на „милионерите“ сезонава настапи на 26 натпревари и успеа да постигне 12 погодоци.

OhridNews