Триумфот и трите бодовите во градското дерби со Челси на Емирати скапо го чинеа Арсенал, кој до крајот на сезоната го загуби десниот бек Хектор Белерин.

Шпанецот ја доживеа најтешката повреда, откако ги скина лигаментите на левото колено. Белерин од терените најмалку ќе отсуства шест месеци, а подготвен за настап ќе биде за почетокот на следната сезона.

Предводникот на „топчиите“ Унаи Емери ќе се соочи со проблеми во остатокот од сезоната затоа што Белерин е стандарден фудбалер и единствен избор за десната бековска позиција.

Одбраната на Арсенал на тест ќе биде во петок кога на домашен терен го пречекува разиграниот Манчестер Јунајтед во 4-та рунда од ФА Купот.

OhridNews