Партијата за европска иднина (ПЕИ) на Фијат Цаноски, коалициски партнер на СДСМ, сепак оди на локалните избори што ќе се одржат на 24- март, иако поголемиот дел од коалицијата Сојуз за иднината што го предводат социјалдемократите најавија бојкот на овие локални избори.

Според податоците од изборните комисии, Зини Зуни од ПЕИ се јавува како кандидат за градоначалник на општината Маврово Ростуше, а неговиот сопартиец Ихмет Ејупи е носител на советничка листа во истата општина.

Се претпоставува дека станува збор за реализација на соработката меѓу ПЕИ и владејачката ДУИ којашто пред еден месец беше потврдувана па демантирана..

Кон средината на јануари лидерите на двете партии Цаноски и Али Ахмети, преговарале околу можноста во некои општини да соработуваат.

Тоагаш , висок функционер на ДИУ, потврди дека со Фиат Цаноски се договориле ПЕИ да го поддржи кандидат на ДУИ во Струга, а од ДУИ за возврат ќе го подржат кандидатот на ПЕИ во Маврово-Ростуше.

Не е познато уште дали истакнувањето на кандидати на локалните избори од страна на ПЕИ ќе претпостави дека неговите пратеници во Собранието нема да го почитуваат најавениот договор опозициските пратеници да ги депонираат своите оставки.

OhridNews
Makfaks