Еѓипќаните се големо гласачко тело и време е овај етникум да има свој преставник во охридскиот совет – истакна лидерот на ПЕИ, Фиjат Цаноски денес на објавувањето на коалицијата на ПЕИ (Партија за Европска Иднина)   ПСЕ (Партијата на Сојузот на Еѓипкани) и  ПДП (Партијата за Демократски Просперитет).


На минатите избори ПЕИ во Охрид освоила 1.800 гласови , а според проценките на партијата на овие избори новоформиранта коалиција очекува бројката на гласови да помине над 3 илјади. Цаноски истакна дека нема да даваат подршка на никој од кандидатите во првиот круг, додека во зависно од понуденото ќе се одлучат кого ќе подржат во вториот.

Задоволство од потпишаниот меморандум истакна преседателот на ПСЕ, Петрит Хусеин.

 – Потпишавме меморандум за соработка со ПЕИ и ПДП, обединувајќи се во поширок состав Еѓипќаните, Торбешите, Албанците, Турците и Македонците во Охрид. Доследно ќе ги почитуваме одредбите на Изборниот законик и ќе дадеме максимален придонес за извршување на фер и демократски избори – рече Хусеин.

Преседателот на охридскиот огранок од ПДП, Есад Арслан побара да се почитува желбата на гласачите. 

– Мислам дека оваа коалиција може многу да му донесе на Охрид и се надевам на фер и демократски избори.



Цаноски го промовираше носителот на листата на ПЕИ, Кујтим Хусеини и најави дека новормираната коалиција не е со краток век, туку ќе продолжи да функционира и ќе истакне свои кандидати на наредните парламентарите избори.  

ohridnews