Познатиот поп пејач, охриѓанецот Ѓоко Танески денеска ќе го каже судбоносното ДА! Танески конечно реши десетгодишната љубовна врска со неговата девојка Розе да ја круниса со брак.

Регистрацијата беше вчера, по што Ѓоко прослави во ресторанот „Белведере“, а свадбата ќе биде денеска во ресторанот „Острово“ во Свети Наум.


заплива во брачните води-Ѓоко Танески

Претходно двојката ќе се венча во манастирската црква во Св. Наум. Дознаваме дека на веселбата ќе присуствуваат околу 100 гости, главно роднини и блиски пријатели на Ѓоко Танески и неговата животна избраничка.

Е па со среќа и аирлија нека е !

ohridnews