Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо делува мотивирачки на младите играчи кои допрва треба да го покажат квалитетот на Олд Трафорд. Eден од нив е Мемфис Депај кој во првата сезона по доаѓањето од холандскиот шампион ПСВ не демонстираше многу од неговиот голем потенцијал. 


Тој летниот одмор го минува во фитнес центрите каде работи на негова физичка подготвеност која од секој фудбалер ја бара Мурињо.


Исто така своето слободно време во фитнес ја минува и новото засилување, за сега единствено на Олд Трафорд, Ерик Бејли кој на навивачите му порача дека со нетрпение чека да почнат мечевите.


За сега играчите делуваат многу мотивирано што сигурно ќе му ја олесни работата на Мурињо во враќањето на шампионскиот сјај на Олд Трафорд кој избледе по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.

OhridNews