Навивачите на Борусија Дортмунд му приредија пеколно збогување на Мет Хумелс кој сам побара раскин на договорот за да се пресели во Баерн Минхен.
Подржувачите на „милионерите“ кои се едни од најпристрасните во светот со свирежи го дочекаа капитенот, а со парола „Капитенот го напушта бродот. Што побргу, тоа подобро“ го испратија.
Иако се уште од трансферот нема ништо, германскиот репрезентативец ќе биде трет фудбалер за три години по Геце и Левандовски кој дресот на Дортмунд го менува со минхенски Баерн.
OhridNews