Чуварот на мрежата на Манчестер Сити, Џо Харт успеа да го одбрани пеналот на Лионел Меси во судиското продолжение и да го остави својот тим да се надева во реваншот дека може да ја анулира предноста од 2-1.
– Одбраната на Харт ни дава поголеми шанси на реваншот со Барселона на Ноу Камп. Ако мечот завршеше 3-1 шансите за достигнување на предноста ќе беше речиси невозможна. Жал ми е многу што се доведовме во таква ситуација, но ги повторивме истите грешки од минатата година. – рече менаџерот на Мануел Пелегрини.
Иако негативата е голема по првиот натпревар херојот на „граѓаните“ Харт верува во својата екипа дека може да направи подвиг.
– Одиме во Барселона со надеж дека ќе победиме. Резултатот иако е 2-1 во нивна корист сепак не е ништо завршено. – потенцираше Харт, кој околу пеналот од Меси додаде – Само одбрана ми се вртеше во главата бидејќи само така остануваше мојот тим во игра.
Ohridnews