Мануел Пелегрини по завршувањето на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити, но најверојатно ќе нема многу време за одмор.
На негова адреса пристигнаа три конкретни понуди од Катар, Кина и Русија, а се споменува и преземање на кормилото во италијанскиот калчолигаш Милан.
На местото од Пелегрини на Етихад ќе пристигне Пеп Гвардиола кој го минува последниот месец на клупата од Баерн Минхен.
Пелегрини во минатото ги има предводено Малага, Реал Мадрид, Виљареал, Ривер Плата и Сан Лоренцо.
OhridNews