Манчестер Јунајтед се врати во игра за пласман во ТОП 4 екипите во Премиер лигата победувајќи го Манчестер Сити во градското дерби со минимални 1-0.


Стрелец на победничкиот погодок за „црвените ѓаволи“ беше младиот Маркус Рашфорд кој погоди за водство, а подоцна и победа во 10-та минута од натпреварот.

– Одигравме одлично прво полувреме. Покрај голот имавме повеќе шанси, а на ривалот не му дозволивме многу прилики. Победата ни беше неопходна. Разликата од четири бодови ја смаливме на еден, се изедначивме со Вест Хем и се вративме во игра за четвртата позиција. – рече холандскиот стручњак Луис ван Гал.


Англиските таблоиди го нападнаа менаџерот Мануел Пелегрини за водењето на екипата во последните мечеви во Премеир лигата.

– Можете да тврдите и пишувате што сакате, но сите видовте дека игравме добро. Поразот не го заслуживме. Иако заминувам немам изгубено контрола врз играчите, сега се фокусираме брзо на следните предизвици кои не очекуваат. – потенцираше Чилеанецот.

Рашфорд го реши дербито за Манчестер (видео)

OhridNews