Ниту во вториот натпревар од Лигата на Шампиони англискиот првак Манчестер Сити не успеа да се радува на триумф ремизирајќи против Рома на „Етихад“ 1-1.

– Незнам што се случува, но ние можиме многу подобро од тоа што го одигравме против Рома. Ќе бидам искрен повеќе сум разочаран од играта него резултатот – рече менаџерот на „граѓаните“, Мануел Пелегрини.

Фудбалерите на Рома според шансите беа поблиску до победата која широко ќе им ги отвореше осминафиналните порти.

– Рома е одлично организирана екипа која секогаш знае што сака и игра според тактиката на тренерот. Ние бевме неверојатно спори со што им овозможувавме повеќе простор за игра. Мора да се поправиме и да заиграме по ангажирано напад и одбрана – додаде чилеанскиот стратег.

Мх.П.