По четири одиграни натпревари во Лигата на Шампиони екипата на Манчестер Сити сеуште нема победа и се наоѓа на последната позиција на табелата со два бодови. Во четвртата рунда „граѓаните“ пред своите гледачи претрпеа пораз од ЦСКА Москва 2-1.


– Во сериозна криза се моите играчи кои ми се чини имаат проблем со самодовербата. Треба да направиме муабет со сите играчи за брз излез од кризата – рече менаџерот Мануел Пелегрини.

Лошите судиски одлуки кумуваа на поразот од Сити, но менаџерот на „сините“ не сака да бара алиби во слабото судесе на грчкиот арбитар.

– Лошото судење е друга приказна, која нема никаква врска со нашата. Ќе треба анализираме зошто не играме како што ќе се договориме пред почетокот на мечот – заврши Пелегрини.

Мх.П.