Англискиот првак Манчестер Сити против Барселона на Ноу Камп ќе ја брка негатива 2-1 од првиот натпревар во осминафиналето.
Реванш натпреварот може да пресвртница за „граѓаните“, а може да биде и еден од последните за чилеанскиот менаџер, Мануел Пелегрини.
– Овој меч е важен за мене и за клубот. Имам договор уште една година и се надевам дека ќе го одработам до крајот. Играме против една од најдобрите светски екипи и мечот ќе ни послужи да го покажиме и нашиот квалитет. Ќе треба со Барселона да се бориме за поседот на топката и да одиграме како во второто полувреме на првиот осминафинален натпревар. – потенцираше Пелегрини.
Манчестер Сити е последна англиска екипа во Лигата на Шампиони откако Арсенал и Челси во 1/8 финалето не успеаја да ги поминат своите ривали, а Ливерпул испадна во групната фаза.
Мх.П.