Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, изјави дека е загрижен од лошата форма во која се наоѓаат неговите фудбалери. Пелегрини ова го изјави по елиминацијата на неговиот тим од Лига купот. Њукасл во Манчестер победи со 2-0.

„Не играме добро, ни недостига самодоверба, не постигнуваме доволно голови, а од друга страна многу лесно ги примаме. Мораме да бидеме загрижени, не победивме на ниту еден од трите натпревара кои ги одигравме во последните седум дена. Загрижен сум бидејќи не играме онака како што играме вообичаено“, рекол чилеанскиот тренер.

Сити викендов во градското дерби ќе го пречека Јунајтед. На табелата во Премиер лигата ’граѓаните’ се на третото место со 17 бодови, два помалку од Саутемптон и шест од лидерот Челзи.

 

„Макфакс“