Пред финалето во Купот на Македонија тренерите и капитените на финалистите, Пелистер од Битола и Шкендија од Тетово, одржаа заедничка прес-конференција.

Тренерот на „домаќините“, Неџат Хуесин смета дека Шкендија е голем фаворит пред утрешното финале.

– Актуелниот шампион тоа го покажа и низ првенството, каде што играше стандардно добро. Имаат една од подобрите екипи подолго време во македонската лига и несомнено се фаворити. Но, секогаш фаворитот не значи дека ќе победи во финалето на купот. Ние нема да дојдеме со бело знаме и ќе пружиме добар отпор. Очекувам добар натпревар, па нека победи подобриот. – рече тренерот на Пелистер, Неџат Хусеин.

И фудбалерот на Пелистер, Благојче Марковски смета дека Шкендија е фаворит, но во купот имало изненадувања. – Шкендија е секако фаворит, но се надевам на поволен резултат за нас. – додаде Марковски.

Тренерот на тетовчани, Ќатип Османи, смета дека купот е поразличен од првенството, бидејќи се игра само еден натпревар.

– Ние сосема сериозно го сфаќаме овој натпревар и сигурно дека посакуваме да победиме и да го освоиме купот. – изјави тренерот на Шкендија, Османи.

Капитенот на Шкендија,Ферхат Асани, го дели мислењето на својот тренер. – Нашата цел оваа сезона е да ги освоиме двата трофеи. Едниот го освоивме, а утревечер сакаме да го земеме и вториот. За прв пат во историјата на клубот сакаме двете титули да ги донесеме во Тетово. – истакна капитенот Ферхат Асани.

Двесет и шестото финале на фудбалски Куп на Македонија се игра в среда на Градскиот стадион „Младост“ во Струмица со почеток во 20 часот. Правдата во финалето ќе дели охриѓанецот Марјан Маркоски заедно со асистентот Жарко Тодороски и Марјан Ецкоски кој ќе биде еден од судиите позади головите.

OhridNews