Охридскиот ракометен состав викендов ги започнува натпреварите од Првата македонска рекометна лига, а во арената “Атина Бојаџи“ гостува битолски Пелистер Јуниор.


– Сите добро знаеме што преставува Битола како град сите знаеме каква трага има оставено во македонскиот ракомет па екипата на Пелистер Јуниор 08 не е за потценување. Одсекогаш Пелистер имал младинска ракометна школа која ја докажала својата продуктивност, цел и намена – велат од охридскиот клуб.

По триумфот над Струга во купот “гладијаторите“ најавуваат уште една беспоштедна борба на теренот и секако нова победа.


– Ова е клуб кој функционира на волонтерска основа и е формиран од еден ентузијастички налет, градот Охрид и луѓето кои доаѓаат да не гледаат и бодрат се нашата единствена моторна сила која не движи и не тера во победи. Момците од овој клуб секогаш ќе се трудат да не ги разочараат своите фанови, секогаш ќе одат на победа и секогаш ќе играат со срце за Охрид – вели голманот Китевски кој очекува посетеноста на ниво од Куп натпреварот со Струга Илинден.

Мечот Охрид – Пелистер Ј. се игра в недела до 17 часот во СРЦ “Атина Бојаџи“.

М.П.