Пелистер – Борец ќе играат во финалето на 39. издание на струшкиот ракометен меѓународен турнир.


Битолчани до финалето стигнаа откако во втората рунда го совладаа Обилиќ со 34-25. Борец беше најдобар во Б групата со три победи, а последна жртва беше Спартак кој беше совладан со 31-23.

Младата репрезентација на Турција ја победи Струга со 40-21.

Попладнево се играат натпреварите за разврска на местата:

17.30 Спартак – Металруг Ј за петто место

19.00 Обилиќ -Турција (млади) за трето место
20.30 Финале Пелистер – Борец.


Ohridnews