Некогашниот македонски фудбалски гигант , моментално “заглавен“ во втората македонска лига посакува експресно враќање во елитата. По првиот дел од сезоната “чкембарите“ се на четвртата позиција со еден бод помалку од лидерот Дрита.

– Амбициите се вракање во Првата лига , каде што Пелистер и природно припаѓа , се надеваме дека тие амбиции кон крајот на мај ке станат и реалност . Екипата се засили со неколкуфудбалери , кои потекнуваат од  битолска фудбалска скола , а настапуваа за други клубови во земјата – вели тренерот на “пелистерци“, Секуловски Марјан.

И Пелистер како и остантите клубови кои останаа во Македонија се соочија со доста проблеми за време на подготовките пред се предизвикани од непогодните временските услови. Според битолчани одложувањето на стартот на лигата е добар потег,

–    Нема услови за одигрување на 80 % од натпреварите во 1 коло.  Ние гостуваме во Дебар со Кораб , каде што има многу снег , на што ќе личеше тој натпревар , доколку требаше да се игра, на се` ќе личеше , ама на фудбал најмалку , сигурен сум дека одложувањето е паметен потег – порача  Секуловски од Охрид

За време на подготовките во Пелистер одигра само 5 контролни натпревари ,и тоа два во Дојран , со Турново и Брегалница , и три во Охрид , со Напредок два пати и со Ренова.

– Во овај период резултатите не ни се во преден план , туку секогаш работиме на воигруванје на тимот и барање на алтернативни решенија во играта . по одигрувањето ан сите натпревари ке имаме многу појасна слика околу можностите на секој играч индивидуално , а и целата екипа како колектив  – истакна Секуловски

Ангажманот на играчите , нивната желба , мотивираност , дисциплина и професионална работа во овај подготвителен период , ги прави битолчани оптимисти кон исполнување на  зацртаната цел , враќање на Пелистер во Првата лига.

М.П.