Охриѓанецот Дарко Размоски ќе го промени клубот, но ќе остане во Првата македонска фудбалска лига откако постигна договор за соработка со битолски Пелистер.

Размоски во таборот на битолските „зелено бели“ ќе им се приклучи од Беласица каде помина сезона и пол. Охриѓанецот беше дел од клубот кога влезе во Првата лига и изминатава полусезона која не беше идеална за клубот од Струмица.

21-годишниот Размоски кој има офанзивни карактеристики ќе ги зголеми опциите во нападот на Пелистер и сигурно ќе биде добро засилување за битолчани за мечевите од пролетната полусезона во елитата.

Од завршување на есенската полусезона до сега, Пелистер официјално го назначи Димитар Капинковски за нов тренер, а се раздели со Борха, кој пак, премина во Борец.

OhridNews