Охриѓанецот Валентин Кочоски професионалната фудбалска кариера ќе ја продолжи во Битола. Тој потпиша за Пелистер кој сезонава ќе настапува во Првата лига.

Кочоски минатата сезона настапуваше за Струга Трим Лум, но со клубот не најдоа заеднички јазик за продолжување на договорот и ја прекинаа соработката.

23-годишниот фудбалер е петто засилување за битолските „зелено бели“. Претходно клубот се засили Давор Талески, Иван Пејаковиќ, Дарко Илиески, Ѓорѓи Танушев.

OhridNews