Охриѓанецот Стевчо Шулески е делегиран за главен судија на натпреварот од претпоследното коло во Првата МФЛ помеѓу Пелистер и Тетекс на тумбе Кафе, во Битола.

Помошници на Шулески ќе бидат Тодороски Жарко и Неделкоски Драге. 4 – ти судија е Маркоски Марјан.

Во прекуредното 30 коло ќе се сретнат:
Пелистер – Тетекс, Металург – Ренова, Силекс – Турново, Милано – Вардар.

Ohridnews